МИЛАН СТРАШЕН КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА: СЕДУМ МЕСЕЦИ Е БЕЗ ПОРАЗ, СО НАЈМАЛКУ ДВА ДАДЕНИ ГОЛА НА 12 МЕЧА ПО РЕД

Милан со 3-0 ја совлада Спарта Прага за втора победа во Лига Европа и лидерска позиција во групата. Калчолигашот потсетува на старите добри времиња, ако ја погледнеме статистиката, која вели дека 27 натпревари се без пораз, односо 22 победи и пет нерешени во последните седум месеци. Импресивен податок е тоа што Милан веќе 12 натпревари во низа постигнува барем два погодоци, а ваков ефект немале уште од стартот на Серија А во далечната 1930та година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста