За разлика од Далас, Денвер се избори за решавачки седми дуел против Јута, славејќи со 119-107. Херој за „Нагетс“ беше Џамал Мареј, кој по втор пат во серијата броеше до 50 поени. Нивната мајсторка се игра утревечер по полноќ, а победникот оди на Клиперси во наредната серија.