„МАКАМТРАНС“ и „НС ГРИТГ“: Да се намали цената на струјата за 50% зашто се е поскапено

Намалување на цената на струјата за 50%, но и на другите комунални давачки бараат дел од синдикалните организации. Предлагаат да се намалат цените на водата, ѓубретарина, улично осветлување, парното греење, зашто во земјава се се поскапува, а никако да пораснат платите. Од Независниот синдикат на камионските транспортери велат ако тоа Владата не го спроведе периодов, тогаш ќе ги повикаат граѓаните на, како што рекоа, револуционерна граѓанска непослушност.

  • Го повторуваме барањето за намалување на цената на електричната енергија од август  2020 година поткрепено со петиција од повеќе од 2.000 потписи. Тогашното барање за намалување на цената на струјата изнесуваше 35 отсто заради незаконитото вградување во цената на уставната категорија моќност. Ја надополнивме со 15 отсто додатно намалување во функција на полесно и побрзо закрепнување на граѓаните од тековната пандемија, изјави Страшо Јованов од Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија – „НСКТМ“ „МАКАМТРАНС“.

Наспроти барањата за поевтинување на струјата, премиерот веќе изјави дека струјата ќе поскапела и затоа требало да се инвестира во зелени технологии, иако толму Зоран Заев пред извесен период рече дека немло да има поскапување.

  • Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата. Развиваме програми во кој што ќе создадеме фонд за обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК Битола, Осломеј, рече премиерот Зоран Заев.

Од Регулаторната комисија за енергетика имаат надлежност за ревидирање на трошоците во 38% и во тој дел ќе ги преземат сите законски мерки да нема поскапување.

  • Доминантен дел од крајната цена ја одредуваат пазарни компоненти врз коишто РКЕ нема влијание, а тоа се цената на електричната енергија што ја набавува универзалниот снабдувач, маржата на универзалниот снабдувач определена на тендер спроведен од Владата и цената на електричната енергија од обновливите извори на енергија, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

Паралелно, задолжувањето вртоглаво расте, цените на клучните продукти вртоглаво се зголемуваат. Македонија одамна е во црвена фаза, но наместо да реагира – власта демонстрира смиреност. Во серијата поскапувања цените ќе продолжат да растат, а животниот стандард ќе опаѓа. Народната банка веќе предвиде зголемување на инфлацијата која годинава ќе достигне 2,2%.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста