Експерти и дипломати со критики до Заев, се бара одговорност

Бугарија не ги менува позициите, Европската унија „немоќна“ да влијае, Македонија заглавена во лавиринтот кон ЕУ – патот кон евроинтеграција тежок и за сега не покажува успех и покрај сите жртви. Експертите стравуваат дека официјална Софија нема ја тргне блокадата, а вината во најголем дел, ја лоцираат кај премиерот Заев и македонската дипломатија. Грешката била во потпишувањето на добрососедскиот договор и прифаќањето на низа отстпаки. Сега без откажување од македонскиот јазик и идентитетот сега никако не можеме да почнеме преговори за влез во унијата.

За жал и по формирање на новата влада во Бугарија, ако опстоиме на нашите црвени линии, нема иднина за евроинтеграција. Мора да играме на сценарио Б. Тредба да се сконцентрираме на сериозен развој на земјава и претворање на Македонија во пристојно место за живеење, па чекате момент да созреат условите и да се реши проблемот на поинаков начин. Сами се понижуваме ако веруваме дека единствена перспектива е решавањето на спорот со Бугарија. Дипломатијата е како уметноста, нема граници, но потребна е креативност и да ги знаеме нашите интереси – вели историчарот и поранешен амбасадор Јован Донев.

И покрај неговиот оптимизам дека нешто ќе се промени, и понатаму стигнуваат критики на адреса на премиерот Заев. Најчесто, како што коментираат експерите, за лошите владини политики и националната распродажба

Како може почеток на преговори да биде врв на политичка кариера? Како може почеток на преговори да биде било што? Па менувате име на земја, влегувате во идентитетски преговори со Бугарија, парампарче направија во земјава – вели поранешниот амбасадор Ивица Боцевски.

Боцевски нема дилема дека она што ни го прави Бугарија е целосно за осуда, и нема почеток на преговори, додека Бугарија не го тргне ветото.

Нема почеток на преговори додека Бугарија не го тргне ветото, тоа е сериозно потонат општествен став, кај нив има национален консензус по тоа прашање, односно дека ние сме бугари, нашата историја е вештачка и тие очекуваат тоа да го прифатиме и да почнат преговорите со ЕУ. Дали е ова чудовишно? Да. Дали е ова жесток национализам до граници на шовинизам? Да – вели Боцески.

Инаку, ниту шефот на португалската дипломатија Силва и еврокомесарот за проширување Вархеји, не успеаа да ја премислат Бугарија откако на маса ставија предлог за решавање на спорот, чија содржина македонската јавност се уште не ја знае. Бугарската новинска БГНЕС имала увид во предлозите, и како што објави, биле втемелени на идејата, проблемот меѓу Скопје и Софија да не се решава низ преговарачката рамка за членство во ЕУ, туку преку процесот за стабилизација и асоцијација.

Адријана Алексиеска

Advertisements