Луис Хамилтон триумфираше на трката за ГН на Велика Британија

Луис Хамилтон триумфираше на трката за ГН на Велика Британија и покрај тоа што на 20-тина секунди до крајот му откажа левата гума. Британецот по седми пат во кариера се искачи на највисокото место на пиедесталот на легендарната патека „Силверстоун“. За него трета победа по ред во четвртата сезонска трка од Ф1 шампионатот, а вкупно 87-ма, и само четири победи го делат од рекордот на Михаел Шумахер. На второто место заврши Макс Ферстапен од Ред Бул, а трет финишираше возачот на Ферари, Чарлс Леклер. Тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас, иако беше сигурен на втората позиција, и тој се соочи со проблеми на левото тркало и на три круга до крајот излета од патеката. Лоша трка имаше и Себастијан Фетел кој заврши десетти. Наредната трка е за седум дена повторно на Силверстоун.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста