Лесни противници за Металург и Бутел во квалификациите за ЛЕ

Ракометарите на Металург и на Бутел добија противници по мерка или најпосакуваните од потенцијалните ривали, ако судиме според територијалната одалеченост. Тимот од Автокоманда новата европска авантура ќе ја отвори со хрватскиот Спачва, додека Бутел ќе ги измери силите со унгарски Ѓенѓеш. Металурзите се домаќини на првиот меч, додека Бутелчани ќе гостуваа на првата средба на 29 или 30 септември, реваншите се седум дена подоцна. Ако ги поминат своите противници ќе играат во второто квалификациско коло кое е последно пред групната фаза, каде директен пласман обезбеди Еурофарм Пелистер.

ДВОЈКИ:

Металург – Спачва

Ѓенѓеш – Бутел

Турда – Горица

Констанца – Виктор

СКА Минска – ЦСКА Москва

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста