Кожув се засили со македонски репрезентативец

Македонскиот кошаркар Марко Симоновски наредната сезона ќе ги брани боите на гевгелиски Кожув. Македонскиот репрезентативец до крајот на минатата година настапуваше за МЗТ Скопје, а иако летово на негова адреса пристигнаа многубројни понуди, тој се одлучи за прволигашот од Гевгелија. Кожув претходно се засили со Американците Скот и Максвел, хрватот Маричевиќ, Шалев и Бешлоиски. Во тимот останаа Караџовски и Пајиќ, а го напуштија Трајковски и Стајиќ. За Симоновски, Кожув е осмиот предизвик во кариерата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста