Јувентус сака да го купи Запата и веднаш да ја ослаби Аталанта

Јувентус веднаш сака да ја запре забревтаната Аталанта и да ја ослаби за следната сезона, а тоа најдобро е да се стори со купување на нивниот најдобар играч. Од Торино веќе испратиле понуда за Дуван Запата која изнесува 30 милиони евра плус голманот Матија Перин, а во Бергамно не велат не, туку бараат чисти 50 милиони. Колумбиецот кој седум години е во Италија блеска во Бергамо каде има 40 голови на 61 меч.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста