Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители во земјата, а од денеска, дозволени се пристигнувања и од шенген-зоната, без обврска за карантин.

Ставовите на италијанските власти се спротиставени за отворање на границите на Ломбардија, најпогодениот регион. На ваквата мерка се противеа и регионалните лидери од југот, каде се регистрирани помалку случаи на коронавирус во споредба со северот на земјата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста