Истанбул, но и соседството најатрактивни за дочекот на Новата година

Секојдневието преплавено со пандемија, сепак не ги предомислува граѓаните да ја дочекаат Новата Година надвор од Македонија. Најмногу аранжани се распродадени за Турција, но и за Грција и Бугарија. Но има и такви кои ќе заминат и подалеку во Европа, но и Русија. Цените разчлични, зависно од начинот на патување и хотелско сместување.

Истанбул, но и земјите од соседството се местата каде што поголем дел Македонците годинава ќе ја дочекаат новогодишната ноќ, велат за Алфа туристичките работници. Се нудат аранжмани за три и четири ноќевања за Турција со авионски и автобуски превоз. Цените почнуваат од 120 евра по лице за хотелско сместување со автобус и од 220 евра со авион. Дочекот на Новата година е на плоштад, а за прослава во рестораните и хотелите се доплаќа. Некои агенции нудат можност и за дочек на брод.

Од соседните држави има интерес за прослава на Новата година во Бугарија и Грција. Аранжманите за Софија се движат од 80 евра нагоре, а за Атина околу 100 евра со превоз и хотел. Пандемијата вели, Силвана Јовановска од Туристичка Агенција „Го Травел“ си го направила своето, и се надева дека оваа ќе биде последна година со рестрикции.

Од европските градови интересни се Виена и Милано. За Виена аранжманите со автобус се од 150 евра за две ноќевања и за Милано околу 200 евра за три ноќи.

Во сите градови дочекот на новогодишната ноќ  е на плоштадите, а дополнително се доплаќа доколку некој сака да ја помине во ресторан или хотел.

Од подалечните дестинации агенциите ги нудат и Москва и Санкт Петерсбург, каде што за 7 ноќевања со авион и хотел треба да се плати околу 800 евра по човек, а оние кои сакаат да го видат Дедо Мраз и да отпатуваат во Лапонија ќе треба да платат околу 1.500 евра за 5 ноќи со хотелско сместување.

Што се однесува до домашните сместувачки капацитети, најпосетен се очекува да биде Охрид, како и главниот град, Скопје.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста