Инвестиција во Унгарија сред пандемија

Инвестиција во Унгарија сред пандемија со корона вирус. Данскиот производител JYSK во Унгарија инвестира во висина од 65 билиони форинти односно 184.8 милиони евра и отвара 300 нови работни места изјави Петер Сијарто, министерот за надворешни работи.
Во близина на Будимпешта, на површина од 143 илјади метри квадратни фабриката ќе обезбедува седум земји со производи за домаќинство изјави Сијарто и додава дека Владата ќе го подржи проектот со 3,6 милијарди форинти.
Сијарто рече дека создавањето на нови работи места е најдобар начин Унгарија да излезе по кризата предизвикана од корона вирусот во што подобра економска ситуација. Министерот рече дека Унгарија мора да создаде „барем онолку работни места колку што се изгубени за време на вонредната состојба“ како што најави и Орбан предходно.
И претседателот на светскиот еврејски конгрес, Лаудер, вчера и се заблагодари на унгарската влада и на Виктор Орбан за напорите кои ги вложува во борбата против пандемијата и со еврејските заедници. Тој, исто така, ја пофали еврејската болница во Будимпешта, како единствена институција во регионот и ја побара поддршка на Орбан да продолжи.

Болницата ќе ги почитува сите упатства на унгарската влада за да можат да спасат што е можно повеќе животи, рече Лаудер, посакувајќи му на Орбан понатамошен успех во борбата против вирусот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста