Грција, Кипар и Бугарија во заедничка борба против мигрантите

Овие земји ќе го претстават планот за иницијатива во Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ во Луксембург на 7 и 8 октомври, јавува АНА-МПА.

Според грчкото Министерство за заштита на граѓаните, тоа е прва заедничка иницијатива на земјите-членки на ЕУ во источен Медитеран.

Според податоците на Европската служба за надворешни работи, помеѓу 19 август и 1 септември, 4.879 мигранти и бегалци поминале преку источен Медитеран, 1.133 бегалци и мигранти поминале преку западно-медитеранската рута, додека 1.369 преку централно-медитеранската рута.

Иницијативата на Грција, Кипар и Бугарија го носи името „Источна медитеранска иницијатива за миграциски рути“ и официјално ќе им биде претставена на министрите за правда и внатрешни работи на земјите членки на ЕУ кои ќе присуствуваат во Луксембург.

Овие три земји сакаат да ја поттикнат ЕУ и другите земји-членки на ЕУ да прифатат поголема распределба на средства за земјите од источен Медитеран во борбата против бегалците и миграциските текови од буџетот на ЕУ за периодот од 2021 до 2016 година.

Иницијативата, исто така, има за цел да се потенцира европската димензија на големиот миграциски предизвик со кој се соочуваат земјите во источен Медитеран, со цел ЕУ да преземе поконкретни мерки на солидарност во рамки на Унијата.

Оваа иницијатива исто така претпоставува и прераспределување на мигрантите, силна политика за враќање во трети земји и поддршка за земјите кои се директно засегнатите.

Грција, Кипар и Бугарија исто така се залагаат за ефикасно спроведување на Заедничката изјава на ЕУ и Турција за искоренување на мрежата на трговци со мигранти, спречување на воспоставување нови нелегални рути низ Европа и обезбедување систем за ефикасно враќање.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста