Ѓоковиќ по шестти пат го освои Вимблдон за јубилејна 20та Грен слем титула

Вчерашниот ден во Лондон триумфален беше и за Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на светот го совлада Матео Беретини со 3-1 за шестта титула на Вимблдон, и јубилеен 20ти Грен слем трофеј, колку што имаат на вечната листа и Роџер Федерер и Рафаел Надал. Ѓоковиќ одлично го отвори финалето, поведе со 5-2, но тогаш се разбуди Беретини и успеа во тајбрејк да го добие првиот сет. Србинот во продолжение презентираше зошто е без конкуренција освојуваќи ги наредните три со 6-4, 6-4 и 6-3. Ѓоковиќ дополнително ја зголеми предноста на АТП пред Медведев и Надал. Следуваат Циципас, Зверев, Тим, Рублев, Беретини скокна на осмото, Федерер падна на деветото место, а Шаповалов со напредок од две позиции ги комлетира ТОП10. Кај дамите, победничката на Вимблдон, Ешли Барти останува на врвот на ВТА пред Осака и Сабаленка, која скокна на третото место, а Халеп падна дури на деветата позиција.   

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста