Германските инвеститори бараат помош од македонската Влада

Економско-енергетската криза негативно влијае на економијата, но отвора и можности за нови инвестиции и вработувања, велат германските бизнисмени. Тие и покрај оптимизмот, бараат помош од Владата за компаниите да останат во земјава. Според анкета спроведена меѓу компаниите, Германските инвеститори сметаат дека годинава ќе биде потешка од лани, со оглед на последиците од војната во Украина.

  • И компаниите, како и граѓаните се погодени во оваа криза во однос на зголемените трошоци за енергија, посебно тоа се чувствува кај компаниите коишто користат индустриска струја. Исто така, во изминатиот период имавме и зголемување на трошоците за персонал. Очекуваме некои од постоечките компании да ги прошират капацитетите. Покрај војната во Украина и други рамковни услови имаат влијание на индустријата во земјава, вели Мартенс.  

Дури 83% очекуваат руско-украинската криза да влијае негативно врз нивната работа. 46% се изјасниле дека сепак ќе го зголемат бројот на вработени, а само 8% планираат намалување. Најголем притисок врз функционирањето им прават зголемените трошоци за енергенси и репроматеријали, за што побараа државна помош.

  • Мерки кои би им помогнале се било кој вид на дали субвенции во врска со трошоци за енергија, посебен пакет мерки за нето извозници, и додатни субвенции за капитални инвестиции, изјави Емилија Спировска, член на Управен одбор на германска банка.

Премиерот Димитар Ковачевски, ги слушна проблемите и барањата на германските инвеститори. Рече дека Владата работи во насока на обезбедување погодни услови за инвестирање. Признава дека проблемите со сивата економија, корупцијата, владеењето на правото, се уште постојат.

  • Пандемијата ги покажа слабостите и видовме дека Европа се соочи со големи предизвици кога ланците на снабдување се во далечни земји. Во Европа се произведуваат многу работи, а тоа значи и заштеда на трошоците. Макеоднија тоа ќе го искористи и затоа правиме амбиент за нови инвестиции. Ние сме членка на НАТО, нашата позиција е и членство во ЕУ, за инвеститорите да знаат дека имаат сигурност и предвидлив деловен амбинет, впрочем тоа е нашата предност и во однос на некои од змејите во регионот, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Германската амбасадорка, која беше дел од форумот, рече дека членството во НАТО ги отвора вратите за повеќе компании да се одлучат да влезат во Македонија.

  • Македонија токму со дополнителниот безбедносен бонус како што е членка на НАТО, нешто што Северна Македонија не би била без Преспанскиот договор. На тоа како и на другиот дел очекувањето поврзано со Преспанскиот договор е да се тргне на патот кон ЕУ. Работите многу интензивно со вашиот бугарски колега. Новата динамика го одредува вистинскиот правец. На патот на приклучувањето на вашата земја кон ЕУ може безусловно да се потпрете на германската поддршка како што ве увери канцеларот Шолц на вашата средба минатата недела во Брисел. Политиката на проширување повеќе од кога и да е и безбедносна политика, порача амбасадорката Холштајн.

Само минатата година, Германија и Македонија оствариле трговска размена од 4,7 милијарди евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста