ГЕРМАНИЈА ВО ДИСБУРГ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА МАКЕДОНИЈА ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП


Македонската фудбалска репрезентација своето прво гостување кај четирикратниот светски првак Германија ќе го има на стадионот „МСВ “ во Дисбург на 31 март наредната година. Токму во домот на истоимениот третолигаш со капацитет од 31.500 седишта, нашите најдобри фудбалери ќе го одиграат третиот меч во квалификациите за СП. Три дена претходно имаат домашен предизвик со Лихтенштајн, а квалификациите ќе ги отворат со гостување во Романија на 25 март. Наши противници се уште и Ерменија и Исланд но средбите со нив се предвидени за септември.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста