Започна дистрибуцијата на вакцината во ЕУ – во Србија од утре почнува имунизацјата, Македонија уште чека

Започнаа првите испораки на вакцината за ковид 19 во земјите од ЕУ. 12,5 милиони дози европските земји ќе обезбедат до крајот на годината, а имунизацијата на европјаните ќе започне за неколку дена. Кај нас кој знае кога. Граѓаните се лути, прашуваат зошто здравствените власти до сега не најдоа поинакво решение. Зошто се сведовме да чекаме од Бугарија и Грција?

Србија од утре започнува со вакцинирање. Процесот стартува со старите лица  а Вучиќ  најави дека ќе се вакцинира и државниот врв.

„Дали Ана Брнабиќ или пак јас, ќе видиме, и некој од државниот врв ќе ја прими вакцината.Овие вакцини ги набавивме билатерално, независно. Ние сме веројатно единствената земја надвор од ЕУ во овој дел на Европа што успеа да ги набави. Ќе има повеќе во февруари и март.“ – кажа Вучиќ.

Македонија останува изолирана. Надлежните не знаат кога ќе стигнат вакцините и колку, од Бугарија или од другите механизми, како донација, како помош или како купени со наши пари.

Не чекаме само донации, се користат сите инструменти и навреме се почнати сите процедури за набавка на вакцина против ковид-19.” –  порача денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски.

Освен од Бугарија, македонските граѓани ќе чекаат вакцини и од Грција како и Полска кои се понудиле дел од дозите да ги дадат и на Македонија. Но бугарската помош е условена – тоа што ќе остане ќе ни биде дадено. И Словенија и Хрватска имунизацијата ја започнуваат за неколку дена односно од 27-ми декември.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста