Газди и натаму си играат со „лебот“ на вработените, државна помош земале, но плата не им дале

Газди на приватни компании и натаму ја злоупотребувале државната помош која треба да ја исплатат кон фирмите. Станува збор за мали бизниси кои вработуваат до 5 работници, велат од УЈП. Овие фирми ниту претходно не исплаќале редовно плати.

Газди на фирми и натаму си играат со „лебот“ на своите вработени. Праксата за злоупотреба на државна помош и натаму продолжува. Близу 800 вработени останале без денар, откако 245 газди на компании земале пари од државата за исплата на плати, но парите си ги ставиле в џеб. Првичната бројка била 596 сопственици кои земале помош, но со пресекот на последниот ден од годината бројката на газди злоупотребувачи се преполовила.

Од УЈП велат дека овие фирми биле опоменати, и во рок од седум дена треба да ги исплатат платите по што следува присилна наплата. За вкупно 125 компании кои од март до декември ги злоупотребите добиените пари од државата, поднесени се кривични пријави.

  • Овде станува збор пред се за компании кои што имаат од еден до пет вработени пред се за фамилијарни бизниси, кои што не само што ги немаат платите преку оваа државна помош туку и претходно немаат исплатено плати на своите работници така што детектирајки еден проблем ние детектирамве повеќе проблеми, вели директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Листите на газдите кои не исплатиле плата ќе биде јавно објавена во понеделник. И за нив генералниот секретаријат ќе бара кривична одговорност. Во Јавното обвинителство се уште нема исход од првично пријавените 130 газди за кои уште пред четири месеци се поднесени пријави за отворање на кривична постапка.

Вкупно 13.200 газди добиле државна помош од речиси 20 милиони евра за исплата на ноемвриската плата. Оваа мерка ќе трае уште за декемвриските плати, за компании кои имаат намалени приходи. Висината на помошта се движи од 14.500 до 21.700 во зависност од падот на приходот.

Половина од фирмите кои користеле држава помош за исплата на плати на вработените се од текстилната индустрија. Токму во овој сектор, газдите правеле бројни манипулации, и наместо кај работниците, парите си ги ставале в џеб. Некои им дале половина од платата, а некои само само 2 денари.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста