ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ОД ДЕНЕСКА НА СОБИР ЗА ТРИ СРЕДБИ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација од денеска е на собир за првите натпревари од квалификациите за Светското првенство во Катар. Состанокот на селекторот Игор Ангеловски и голем дел од 26-те повикани се случи на пладне во Скопје каде до среда ќе се тренира, а потоа се заминува за Букурешт каде в четврток не очекува воведниот дуел од групата 10 против Романија. Таму сигурно ќе бидеме без повредениот Арија Адеми. Овој пакет содржи и двобои со аутсајдерот Лихтенштајн в недела во Скопје и со Германија на гости во Дуисбург на 31 овој месец. Значи пред нас е репрезентативна акција која доаѓа по една поголема пауза и по огромниот успех и пласманот на Европското првенство, но е и главна проверка пред деби настапот на шампионатот во јуни, па резултатите освен што се важни во обидот да дојдеме до Мундијалот во Катар ќе имаат значање и влијание, и врз амбиентот во црвено жолтиот состав пред учеството на континенталната завршница. Инаку екипата се уште не е цела, не се сите дојдени и ќе се комплетира утре.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста