Србин со досие тврди дека посредувал за набавка на руски вакцини во Македонија

Никола Лакушиќ,човек со криминално досие и проблеми со српското правосудство тврди дека е посредник за набавка на руски вакцини за Македонија.За телевизијата Ал Џазира балканс изјавил дека има договор со рускиот инвестициски фонд кој гарантира испорака на вакцините Спутник В за Македонија, но и за Бугарија, БИХ и Алжир.

Во изјавата за Ал Џазира, Лкушиќ, српски државјанин кој живее во Швајцаријавели дека проблемите со српското правосудство траат пет години.

“Јас сум на мета на режимот на Вучиќ и неговите медиуми, кои ми креираа досие со цел да ме дискредитираат бидејќи се судривме околу поголеми бизниси и застапништва во светот”, изјави Лакушиќ.

Дека лакушиќ е единствениот кој има договор со рускиот инвестициски фонд потврдуваат и властите во бих иако знаат за неговите проблеми со законот во Србија. БИХ веќе нарачала половина милион дози од руските вакцини преку компанијата Медимпекс, со која Лкушиќ има договор.

За разлика од босанските власти Филипче ги демантира информациите дека набавката на руските вакцини била посредувана од Лакушиќ. Набавката на Руската вакцина Спутник В се одвива преку рускиот инврестициски фоонд, без посредник, вели Филипче. За набака на сите вакцини против Ковид 19 без разлика дали станува збор за Спутник В, Синофарм, Астра Зенека, Фајзер или Ковакс механизмот се плаќа цената на вакцината од производителот, без посредници, напиша Филипче на Фејсбук.

Премиерот Заев пред три недели изјави дека Владата се обидувала да набави вакцини против ковид-19 и преку приватни фирми. Истакна дека нема незаконски дејствија или лоши намери, туку само се користат сите можни канали за набавување на вакцини. 

Владата прво ја игнорираше руската амбасада за набавка на Спутник В. За потоа 3000 вакцини кои беа набавени да бидат токму руските. Од руската амбасада за алфа потврдија дека на Владата на маса и биле ставени неколку понуди за набавка на руските вакцини уште во Септември, но одговор или официјално барање за набавка не добиле.

“Министерот за здравство на 10 Септември нѐ информира дека го прати процесот за руската вакцина и има некои прашања во врска со тоа. Потоа, на 25 септември, ја информиравме проф. Александра Грозданова, шефот на Националниот комитет за имунизација, дека Фондот може да организира видео конференција за постоечките прашања околу вакцината. На 15 февруари оваа година, Рускиот фонд за директни инвестиции уште еднаш испрати писмо до проф. Грозданова, каде информира за можност да се одржи  ваква видео конференција, како и за резултатите од 3-та фаза на клинички испитувања на вакцината „Спутник V“.Резултатите од вакцината беа објавени на 2 февруари, и ја потдврдија 91,6%м ефикасноста на вакцината и 100% против компликации на болеста. Засега немаме каква била реакција за тоа”, изјавија од руската амбасада на 18 Февруари.

Освен руските во македонија стигнаа и 8000 вакцини од Фајзер како помош од Србија.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста