„ФРАНС ФУДБАЛ“ ГИ ОБЈАВИ НАЈДОБРИТЕ 11 НА СИТЕ ВРЕМИЊА

„Франс фудбал“ ги објави најдобрите 11 фудбалери на сите времиња. Во изборот се најдоа вкупно 115 играчи, а во гласањето учествуваа 140 новинари од цел свет. Голманската позиција му припанда на Лав Јашин, во одбраната место за Малдини, Бекенбауер и Кафу, а средината е составена од Пеле, Марадона, Чави и Матеус. Нападот е резервиран за Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Луис Незарио да Лима Роналдо. Во јавноста, секако има и такви кои не се согласуваат со изборот, и според многумина во дрим-тимот недостасуваат играчи како Зидан, Рамос, Роналдињо, Кројф, Ван Бастен итн.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста