ФЕНИКС ПОВЕДЕ ПРОТИВ МИЛВОКИ ВО ФИНАЛЕТО ОД НБА ЛИГАТА

Феникс го победи Милвоки со 118-105 и поведе во финалето од НБА лигата. Санси постојано водеа и ја зголемуваа предноста и во третиот период поведоа со 20 разлика, па и порано беше јасно дека ќе слават. Тие во своите редови ги имаа Пол со 32 поена, Букер со 27 и Ејтон со 22 и со 19 скока додека Бакси се потпреа само на дуото Мидлтон со 29 и Адетокумпо кој ја санираше повредата и играше солидно, па заврши со 20 коша и 17 фатени топки, но тоа не беше долволно за првиот дуел. Фаникс води во големото НБА финале, а и вториот меч ќе го игра дома и тоа утревечер.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста