Еурофарм Пелистер нема да добие Вајдл карта за настап во Лигата на шампионите

Еурофарм Пелистер најверојатно ќе извиси и нема да добие вајлд карта за групната фаза оф Лигата на шампионите. Имено повеќе спортски медиуми пишуваат дека Пик Сегед, Цеље, Мешков Брест,Динамо Букурешт, Елверум и Нант се тимовите што ќе добијат шанса да заиграат во променетата организација со 16 екипи меѓу кои свое сигурно место ќе има Вардар. Сето ова уште е неофицијално, и ЕХФ треба да го потврди иако делува објективно. И сега колку и да не сме задоволни од исходот околу Еурофарм Пелистер толку радува што Кире Лазаров со Нант ќе добие шанса за уште една сезона во Лигата на шампионите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста