Eтничките заедници не го признаваат пописот – добар е само за Aлбанците, барем за оние од власта

Ниту Србите, ниту Турците, ниту Власите, ниту Ромите – никој од етничките заедници во државата, освен Албанците, не се задоволни од резултатите од пописот. Српската заедница во Македонија најави дека ќе организираат вистинско пребројување на српскиот народ бидејќи не ги прифаќаат лажните резултати. Забелешка за пописот дури даде и Турското министерство за надворешни работи. И Ромите го кренаа гласот – не го признаваат пописот и се сомневаат во бројките бидејќи ромската заедница била преполовена.  

И Египќаните револтирани, велат повеќе Египќани се собираме на свадби во Охрид од бројката со која сме прикажани на овој пописот. Задоволни од бројките се само Албанците, барем оние од партиите на власт.  Пописот насекаде во светот се прави за потребите на државата и нејзините политики во иднина, но Македонија доби партиски попис од кој се задоволни само владеачките партии. Ова е заклучокот на експертите кои критикуваат дека се е политизирано. Дополнителен сомнеж врз објавените проценти фрла и бројката од 132.000 граѓани што останале непопишани. Социологот Илија Ацески вели дека тие 7,2% од граѓаните се добар терен за малверзации со процентите.

  • Да се верува на попис во оваа ситуација која што беше пред пописот и денес во резултатите е малку тешко. Има многу факти кои упатуваат да не веруваме. Тие 7.2 проценти се поле на малверзации, на разни шпекулации. Тие не се знае што се по националност, етникум, религија, вели за Алфа универзитетскиот професор Илија Ацевски.

Непризнавањето на пописните резултати ја наметнува дилемата дали оваа статистичка операција ја постигна целта, по 20 години без попис, или повторно во ветер беа фрлени 8 милиони евра народни пари, колку што чинеше пописот, и се доби некомплетна операција. Дека тоа е така потврдуваат и правниците, кој велат дека ова не е статистичка, туку е политичка операција.

  • Врз основа на тие потенцијали кои што требаше да произлезат од пописот кој што ги има државата, да го планираме економскиот развој, а не политичкиот развој.Овдека се работи само за попис на население и тоа најбитно им е според националната припадност .И што ќе планираме ние колку македонци за 10 години ќе се родат или ќе се зголеми македонското и албанското население ? Пописот има друга цел, друга е задачата на пописот, овдека не гледам јас дека е за подолгорочно планирање на економскиот развој на нашата држава, вели за Алфа адвокатот Владо Чингоски.

И покрај се власта мора да ја турка тезата дека пописот бил успешен, макар и на сила, како што правела за многу други работи изминативе години, смета новинарот и аналитичар Дарко Јаневски. Според него, пописот не бил државен, туку партиски, за цели на владеачката гарнитура.

Сомнеж врз успешноста на пописот фрла и тоа што иако во државата официјално живеат милион и 800.000 жители, издадени се дури 600.000 државјанства повеќе.

Откако го добивме првиот сет на податоци од пописот спроведен во септември 2021, остана неодговорено едно големо прашање: Дали сме точно и потполно преброени и евидентирани?

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста