Дипломатската служба во ризик, вработени во МНР ставени во изолација

Заразени или изолирани. Корона вирусот го испразни Министерството за надворешни работи. Голем број вработени се дома или во болница, а зградата на МНР секојдневно е речиси празна. Од Македонскиот дипломатски синдикат за Алфа брифираат дека  иако се работи на принципот на ротации, болни и отсутни од работа има од највисоко до најниско ниво во дипломатската служба. Македонскиот дипломатски синдикат ќе расправа за здравствените неприлики и можеби ќе побара и странска помош.

  • Размислуваме да бараме помош од надвор, зашто има големо отсуство од работа. Загрижени сме поради здравствената состојба во дипломатската служба и веќе од следната недела ќе се сретнеме за да расправаме за состојбите и за преземање мерки, но секако ќе побараме и поконкретни информации од надлежните, велат од Македонскиот дипломатски синдикат.

Алфа праша каква е состојбата во директоратите, колку луѓе се заболени и какофункционираат . Од МНР уверуваат  дека дипломатија во момнетов функционирала како што треба. 

  • И покрај фактот што од вкупниот број на девет Директорати во Министерството за надворешни работи, само тројца директори се во самоизолација или позитивни на КОВИД 19, сите задачи и активности на Министерството за надворешни работи се одвиваат редовно со цел реализирање на Годишната програма за 2021 г. Во сите Директорати има помошници директори и други раководни лица кои ги извршуваат сите задачи согласно директивите и утврдените политики на Министерството за надворешни работи, велат од МНР.

Од Македонскиот дипломатски синдикат велат дека и покрај многуте контакти со дипломати, меѓу кои и во земји од највисок ризик, како Бразил, никој не им кажал дали вработените се или ќе бидат ставени на приоритетна листа за вакцинација.

Па рака се размислува за повеќе идеи преку дипломатски канали за организирано вакцинирање во Србија, по примерот на новинарите и бизнисмените. Како една од мерките за што е можно поголемо намалување на ризикот од контакти, бидејќи принципот на ротација на вработените се покажа како неефикасен, да се побара и воведување на онлајн-работа за сите оние вработени за кои е можно.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста