Власта попушти под притисокот на ВМРО-ДПМНЕ: Изгласани само антикризните мерки

Опозицијата покажа конструктивност, гласаше за пакетот економски мерки за помош на граѓаните и компаниите. Но и ја покажа уште еднаш аномалијата на слабото владејачко мнозинство, каде отсуство на двајца пратеници може да значи блокада на Собранието. Со цел помош за граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе бара посебни ковид седници, на кои ќе се гласаат само здравствени и економски предлог закони. Координаторот на пратеничката група на опозициската партија, Никола Мицевски, најави дека нема да им прават кворум на власта, за законите за кои сметаат дека се непотребни.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе делува институционално, но нема да им прави кворум за овие седници. Неколку пати најавувам дека е потребно да се организираат посебни ковид седници, на кој што брзо ќе бидат изгласани законите од здравството и економијата кои што се во интерес на спречувањето и намалувањето на пандемијата, изјави Мицевски.

За тенкото парламентарно мнозинство на владејачката СДСМ пак виновни им се ВМРО-ДПМНЕ. Пред гласањето во Собранието, пратеникот Костадин Костадинов, кажа дека опозицијата била кочничар на помошта на граѓаните, што подоцна се покажа дека не е така.

-ВМРО-ДПМНЕ еклатантно се покажа дека е против интересот на граѓаните, против македонската економија, против директна поддршка на компаниите. Тоа е со сигурност неодговорно кон државата, неодговорно кон граѓаните кои не избрале и кој не плаќаат преку буџетот на оваа држава, изјави Костадинов.

Сепак не се знае кога граѓаните и стопанството ќе ги добијат парите предвидени со овие мерки. Со денешното гласање тие само влегоа во комисиска процедура во Собранието, а најава за нивна блокада пристигна од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Тие порачуваат дека ќе поднесат по 1.000 амандмани за секој од четирите предлог закони, доколку не се изгласа законот за државјанство.

-Нема да е човечки од нас да ги надминеме тие, за да одиме на друг пакет мерки. Затоа, ние се уште времено како коалиција сме застанале кај законот за државјанство и блокада што ја направило мнозинството и македонската опозиција. Тој момент со кој ќе се одблокира тоа, иста важност ќе има секој пакет, оти граѓаните ние не ги разликуваме. За нас како коалицијата граѓаните се рамноправни и на сите им треба и економска и финансиска помош, изјави координаторот на пратеничката група на АА/А, Скендер Реџепи.

Поради тенкото парламентарно мнозинство, премиерот Зоран Заев најави можно воведување на вонредна состојба, што според собранискиот спикер Талат Џафери е невозможно, бидејќи за такво нешто е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста