Пораз за заборав, веќе в недела не чека нова домашна задача!

Офанзивен фудбал, со слаба реализација, и низа пропусти во дефанзивата. Така во кратки црти ќе го опишеме првиот меч на Македонија во битката за место на Муднијалот во Катар догодина.  Иако дадовме два гола, можевме многу повеќе, но примивме три, а можевме уште најмалку толку. Денес секој игра фудбал, тоа го покажаа и Романците, со агресивна игра, индивидуална умешност, која резултираше со два погодоци по 50 минути игра. Кога помислевме дека овој меч е загубен, Мрме ги внесе во игра Адеми и Трајковски, и не продомисли, но за момент. Адеми по една топка од Алиоски во 82та минута, умешно со глава намали на 2-1. Не поминаа ни 60 секунди, Барди сервираше до Трајковски, а напаѓачот на Мајкорка ниско пласираше за 2-2. Но радоста траеше само две минути. На спортивната страна ладен туш ни приреди Хаџи, по наше невнимание во одбраната…3-2 победа за Романија, и голем материјал за анализирање пред неделниот домашен предизвик со Лихтенштајн, во кој, освен три бода, се друго ќе биде огромно разочарување.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста