Димитријевиќ втор најдобар стрелец во новиот пораз на Хувентуд

Ненад Димитријевиќ повторно одигра одличен натпревар за шпански Хувентуд во рамки на Ендеса лигата. Македонскиот интернационалец беше втор стрелец во неговиот тим со 11 поени во поразот на Хувентуд од Уникаха со 77-65.

Победникот беше решен во последната четвритна во која Уникаха направи серија до 24-12 и стигна до победата. Покрај, Димитријевиќ одличен меч за Хувентуд одигра и словенскиот репрезентативец Препелиќ кој беше најефикасен со 20 поени.

По четири одиграни натпревари Хувентуд се уште не знае за победа и е последен на табелата во Едеса лигата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста