Ден на туризам: „Ние сме ѓубре држава, без Закон и ред“, се пожалија туристичките работници

Ние сме ѓубре држава, немаме ниту Закон, ниту пак нешто се трудиме да направиме, „се давиме“ во гнасотија. Вака на денот на туризмот – 27 септември, стопанствениците ја оценуваат туристичката сезона во заминување. Наспроти фалбите од економските министри дека годинава сме ја завршиле добро, туристичките работници велат дека секторот се соочува со загуби и во делови од Македонија веќе нема кој да работи во хотелите, посебно во источниот регион. Правиме напори да најдеме работници, но тие ги има се помалку.

  • Ние сме ѓубре држава, немаме ниту Закон, ниту пак нешто се трудиме да направиме. Абе ние немаме кој да работи, немаме собарки по хотелите, немаме персонал, но правиме напори да останеме на пазарот. Треба младите додека се на школување да идат на пракса, и наместо да седат по улици да работат, за да си имаат пари за себе, и да помагаат на семејствата, така треба да биде како во другите развиени држави, рече Панче Трајковски, туристички работник од Берово и сопственик на хотели.

И додека туристичките работници ја кажаа реалноста со која се соочуваат, министерот за економија како да живее во друга земја. Вели дека туристичката сезона била успешна, иако статистика вели дека бројот на странски гости бележи пад.

Туризмот, според нив, уште трпи последици од корона пандемијата. Годинава, истакнаа, беше добра, но полоша од 2019-та, со двојно помал број чартер летови.

  • Туризмот, уште трпи последици од корона пандемијата. Годинава, истакнаа, беше добра, но полоша од 2019-та, со двојно помал број чартер летови. Туризмот ги даде очекуваните резултати. Сезоната беше успешна благодарение на владините мерки и политики, креирани заеднички со приватниот сектор. „Дома си е дома“ и ваучерите за поттикнување на туризмот ги привлекоа домашните туристи, а безбедносниот печат значително придонесе за странските гости, рече Бектеши.

Туристичките работници се пожалија дека сеуште не ги добиле парите од последниот шести сет на мерки, но затоа министерот рече дека пари ќе има веќе од следната недела, иако тие требаше да ги добијат пред месец дена.

  • Завршени се сите процедури во однос на апликациите за субвенциите во туризмот. Тие што не се исплатени, ќе бидат префрлени следната или најдоцна наредните две недели. Зборувам за сите тие што ги исполнуваат условите согласно објавениот повик во рамки на шестиот пакет мерки, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Претходно, Владимир Граматиков од Сојузот на стопански комори потврди дека имало административни пречки во доделувањето на субвенциите.

  • Во комуникација со Министерството за економија се обидовме да ги откриеме пречките. Се надеваме дека субвенциите ќе бидат исплатени и дека се ќе биде во ред, истакна Граматиков.

Оваа сезона е малку подобра од ланската, поради олабавување на мерките, но далеку од добра ако се суди по празителните бројки на домашни и странски гости, велат од секторот. Туристичките работници беа едногласни дека поддршката мора да продолжи.
Инаку, укинување на сегашните мерки нема да има, иако постои можност за нивно олабавување рече министерот, но само ако се почитуваат протоколите и мрките на заштита.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста