Де Бруин израмни рекорд по број на асистенции во премиер лигата

Кевид Де Бруин на затворањето на сезоната во Англија имаше уште една асистенција со што дојде до бројката од 20. Со тоа Белгиецот го израмни рекордот што до сега самостојно го држеше Тиери Анри од Арсенал, а беше поставен во 2003-тата. Де Бруин има и 13 гола, па откако заврши како втор во гласањето за играч на годината, зад Џордан Хендерсон, тој беше избран за креативец на сезоната во Премиер лигата. Инаку неговиот соиграч Едерсон е прогласен за голман на годината или Златна ракавица. Бразилецот во штотуку завршениот шампионат успеа да оствари 16 меча со чиста мрежа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста