БЕЛИОТ ЛИЛЈАН – ТУРСКИ ФИЛМ СНИМАН ВО МАКЕДОНИЈА

БЕЛИОТ ЛИЛЈАН – ТУРСКИ ФИЛМ СНИМАН ВО МАКЕДОНИЈА

Тивко но, со големо задоволство на учесниците поминаа десетте недели во снимање на филм за
дигиталната платформа на турската ТRТ, ако може да се суди според објавите на социјалните
мрежи. Филм со работен наслов Белиот Лилјан (Beyaz Zambak) под режисерската палка на
Селахатин Санџакли се снимаше на територијата на Македонија и тоа според инстаграм објавите
на повеќе локации во Тетово, Гостивар, Охрид, Скопје, Вратница, Јегуновце, Демир Хисар.
Во декември позната истанбулска журналистка објави дека интересен проект ќе се снима на
територија на Македонија каде постојат добри услови за снимање на филмот. Информацијата ја
пренесоа неколку странски и домашни интернет медиуми и групи. А потоа македонската публика
можеше да ги сретне познатите глумци од популарни турски серии. Познатите глумци се
фотографираа среде живописни места како центарот на Скопје и секаде од каде што се
одвиваше снимањето, а според објавените фотографии изгледа дел од нив во Македонија ја
поминаа и новогодишната ноќ.
Се спомнуват неколку популарни имиња со кои македонската публика е запозната од порано.
Најпрвин, името Санџакли е препознатливо како дел од креаторите на мега хитот Долина на
Волците и серија која неодамна се снимаше во Македонија. Се спомнуват и доста популарни
актери како Ѓуркан Ујгун (1974), Исмаил Еге Шашмаз (‘93), Ѓохан Ѓенчбеј(‘81), Баран Таха(‘88),
Неби Ташкан (‘97), Бусе Арслан (‘92) и други инаку познати актери во мега популарни хитови
од малите екрани. Особено е интересно што се се среќават и имиња на актери од домашната
сцена кои се доста популарни во Македонија и Турција, особено за љубителите и почитувачите на
турскиот театар и глумиште.
На програмската шема на Алфа телевизија исто така во тек се популарни турски серии кои се
емитуват со македонски превод и без над синхронизација.
Инаку според она што досега може да се разбере околу содржината на филмот станува збор за
екранизација на човечките судбини, еден вистински херој и патењето на народот во војната во
Босна 1992-95 година.
Досегашното обработување на теми од реалниот живот на Балканот каде што повеќе народи со
векови делат иста судбина придонесува преку сложено сценарио со интриги и интересен расплет
да се надминат сите разлики помеѓу поединците но и помеѓу етничките групи, да се надминат
стереотипите и да се овозможи подобро разбирање и добар заеднички живот.

Foto Инстаграм профил Selahattin Sancakli 29 јануари 2024.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста