Англија, Хрватска и Чешка од групата Д продолжуваат во наредната фаза на ЕП

Англија минимално ја совлада Чешка за втора победа на Евро-шампионатот и пласман во наредната фаза како лидер од групата Д. Стерлинг го постигна единствениот гол по една одлична топка од Грилиш во 12та минута. Гордиот Албион не фасцинираше во групната фаза, но оди понатаму со само два дадени и без примен погодок. Заедно со нив ќе патуваат и Чесите, но како една од четирите најдобри треторангирани селекции бидејќи втора во нивната група заврши Хрватска. Коцкестите обезбедија осминафинале откако со 3-1 ја добија Шкотска во последното, клучно коло. Влашиќ во првиот дел, а Модриќ и Перишиќ во вториот стрелаа прецизно за голема радост на Хрватите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста