Хотелиерите од охридскиот регион подготвени да отстапат една третина од капацитетите за бегалците
Хотелиерите и приватните станоиздавачи подготвени се да отстапат 30 % од сместувачките капацитети за бегалците од Украина. Станува збор за бројка од 4 до 10.000 лица кои би се згрижиле само на охридско-струшката ривера,но Македонија има капацитет да прими 50.000 украинци кои би се сместиле во хотели и апартмани-велат до ХОТАМ. Тие за ова најдоцна до утре, ќе испратат и допис до Влада. Допрва ќе се одлучува кој ќе го плати долгорочниот престој на украинците во земјава.
Тоа ќе го реши државата,ако имаат буџет да помогнат дали тоа ќе биде од буџетот на Македонија,или од ЕУ или од било каде,ние ќе направиме специјални цени кои ќе бидат најконкурентни во сите држави околу нас што би понудиле вели Крсте Блажески-Претсед.на ХОТАМ.
Бегалците од Украина добиваат право на престој и работа во земјите членки на ЕУ во следните 3 години,но во овој поглед Македонија е хендикепирана бидејќи нашиот закон за вработување и работа на странци, е многу комплициран,велат хотелиерите.
И ние треба да го имаме истото право да може да вработуваме и од други држави и тука спаѓаат и овие државјани на Украина.Законот треба да е измени, треба да се погледне и да биде сето тоа многу поедноставно. Таа процедура на секој 3 месеци да се пријавува, да се одјавува, тоа е комплицирана работа.Не само да кажеме да,на хартија го имаме тоа, ама не е функционално вели Крсте Блажески-Претсед.на ХОТАМ.
Инаку Европската Комисија предложи да се активира директивата за привремена заштита на украинските бегалци со која се овозможува издавање дозволи за престој, право на работа, социјална и здравствена заштита и образование.
Росица Голабоска