Весела и опуштена новогодишна ноќ во Охрид
Охрид новогодишно, блесна во полн сјај, туристичкиот центар преполн, го собра Балканот во мало. Домаќините и илјадниците гости заедно одбројувајќи на глас, ја дочекаа 2023-та.Многу радост, бакнежи и прегратки- се овековечуваа спомени ,се посакуваа желби. На градскиот плоштад беше весело,оставајќи ја зад себе старата година,присутните зборуваа за своите скромни очекувања во секојдневното битусување. Си посакаа добро здравје, среќа и љубов под величенствениот огномет на полноќ.
„Пар екселанс, преубаво е. На сите им посакавувам се најубаво,многу среќа, здравје, љубов и слога“
„Прво здравје,среќа,па и малку пари може“
„Здравје на сите, љубов, среќа и да биде морно, да нема војна.Иначе овде атмосферата е фантастична“
„Презадоволни сме и вака весело нека биде и идната година; 5.Се да биде подобро од годинава што измина“
„Феноменално, целиот град блеска од убавина, народот гостопримлив, немам зборови“ – велат граѓаните.
Во туристички центар беше живо,сите се препуштија на забавата која ја приредија Миле Кузманоски и Ефто Пупиноски. Меѓу стутканите, со шалови и капи присутен беше и таткото на градот,кој семејно славеше со своите сограѓани и многубројните гости.
„Посакувам многу здравје, среќа и успех ,могу љубов и наредната 2023-та да ни е многу поуспешна од оваа и да имаме само напредок на секое поле буквално и по возможност веќе во 2023-та да прекинат сите оние национални понижувања кои долго време ги трпиме, морам да признаам“ – вели Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.
И покрај стравувањата на туристичките работници дека ќе биде празен,градот заживеа и потсети на времињата кога на ривиерата празнуваа и по 30.000 гости. Инаку и денес, тмурнот време не ги поколеба бројните гости да уживаат обиколувајќи го древниот град.
„Не доаѓаме прв пат, Охрид е убав град, домаќините уште поубави“
„Зошто го бирате Охрид ? Па најубав Е,не мислам од Македонија туку многу, многу пошироко“
„Немам чувство дека сум во друга држава, туку како дома.Народот е полн со љубов и тоа ме исполнува“ – велат туристите.
Охрид синоќа ликуваше во мирен амбиент, без инциденти,но докторите од итната медицинска помош цела ноќ пробдеале, имавме велат премногу повици и интервенции.Доаѓаа пациенти претежно со симптоми на вирози.Од таму со апел до граѓаните, да не се опуштаат во овие празнични денови, бидејќи вирусите буквално косат.
Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски