Весела и опуштена новогодишна ноќ во Охрид

Охрид новогодишно, блесна во полн сјај, туристичкиот центар преполн, го собра Балканот во мало. Домаќините и илјадниците гости заедно одбројувајќи на глас, ја дочекаа 2023-та.Многу радост, бакнежи и прегратки- се овековечуваа спомени ,се посакуваа желби. На градскиот плоштад беше весело,оставајќи ја зад себе старата година,присутните зборуваа за своите скромни очекувања во секојдневното битусување. Си посакаа добро здравје, среќа и љубов под величенствениот огномет на полноќ.

„Пар екселанс, преубаво е. На сите им посакавувам се најубаво,многу среќа, здравје, љубов и слога“

„Прво здравје,среќа,па и малку пари може“

„Здравје на сите, љубов, среќа и да биде морно, да нема војна.Иначе овде атмосферата е фантастична“

Презадоволни сме и вака весело нека биде и идната година; 5.Се да биде подобро од годинава што измина“

Феноменално, целиот град блеска од убавина, народот гостопримлив, немам зборови“ – велат граѓаните.

Во туристички центар беше живо,сите се препуштија на забавата која ја приредија Миле Кузманоски и Ефто Пупиноски. Меѓу стутканите, со шалови и капи присутен беше и таткото на градот,кој семејно славеше со своите сограѓани и многубројните гости.

„Посакувам многу здравје, среќа и успех ,могу љубов и наредната 2023-та да ни е многу поуспешна од оваа и да имаме само напредок на секое поле буквално и по возможност веќе во 2023-та да прекинат сите оние национални понижувања кои долго време ги трпиме, морам да признаам“ – вели Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

И покрај стравувањата на туристичките работници дека ќе биде празен,градот заживеа и потсети на времињата кога на ривиерата празнуваа и по 30.000 гости. Инаку и денес, тмурнот време не ги поколеба бројните гости  да уживаат обиколувајќи го древниот град.

„Не доаѓаме прв пат, Охрид е убав град, домаќините уште поубави“

Зошто го бирате Охрид ? Па најубав Е,не мислам од Македонија туку многу, многу пошироко“

„Немам чувство дека сум во друга држава, туку како дома.Народот е полн со љубов и тоа ме исполнува“ – велат туристите.

Охрид синоќа ликуваше во мирен амбиент, без инциденти,но докторите од итната медицинска помош цела ноќ пробдеале, имавме велат премногу повици и интервенции.Доаѓаа пациенти претежно со симптоми на вирози.Од таму со апел до граѓаните, да не се опуштаат во овие празнични денови, бидејќи вирусите буквално косат.   

Новинар Росица Голабоска 

Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста