ВО ЧЕТВРТОК ИГРАМЕ КАЈ ЕРМЕНИЈА ВО МУНДИЈАЛСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА КАТАР

Македонската А фудбалска селекција денеска одработе уште еден тренинг и полека од Скопје се упати кон деветтата станица во квалификациите за Светското првенство. Таа е лоцирана во Ереван каде во четврток попладне играме со Ерменија која како и ние во моментов е поставена на делба на третото место во групата Ј кое, пак, се уште овозможува надеж дека ќе се дојде до баражот за мундијалот во Катар следната година. Нашиот состав е многу променет, па и ослабен иако контурите се истите од есенва. Императивот победа и три важни бода е присутен кај најстандардните црвено жолти кои ветуваат дека ќе дадат се од себе да ја донесат Македонија на праг на баражот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста