Аеродром е прва општина која пренаменува маркици за згради во зеленило

Градоначалникот на Општина Аеродром информираше дека ќе бидат поништени две маркици кои предвидуваа изградба на згради, и на тоа место ќе има зеленило.

– На моја иницијатива до советот на Општина Аеродром беше поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две градежни маркици во Реонски центар каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда. Среќен сум што советот ја изгласа оваа иницијатива и дека конечно ќе се слуша гласот на граѓаните. На ова место во нашата програма предвидовме да има парк од 5.000м2 со монтесори содржини – вели Муцунски.

Градоначалникот денеска оствари средба со претставници на неформалното здружение „На Точак“ на која било разговарано околу подобрување на велосипедската инфраструктура во Општина Аеродром.

– Со велосипедските ентузијасти се обврзавме за идна соработка преку многу проекти во интерес на аеродромци. Воедно, со ова го започнуваме нашиот проект „Велодром” кој беше дел од нашата предизборна кампања. Освен новите велосипедски патеки кои ги планираме долж Општина Аеродром, ставаме акцент и на редовно одржување на веќе постоечките. Дополнително, планираме вклучување на невладиниот сектор и универзитетската заедница во идните проекти со кои ќе се подобри велосипедската инфраструктура, рече Муцунски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста