Димитров за Алфа: Милионите евра со кои владата ја задолжува Македонија за купување на струја ќе ги плати народот

Милионите евра со кои Владата ја задолжува Македонија за купување на струја ќе ги плати народот, од и онака истенчениот џеб, вели за Алфа универзитетскиот професот Контантин Димитров кој по 100-ти пат алармира дека состојбата е критична. Вели, нее точно дека овој проблем е глобален, зашто соседите како Србија, па и Босна и Херцеговина, но и Германија имаат вишоци на струја кои ја продаваат, за разлика од нас, кои во недостиг на струја земаме од европската мрежа и тоа без најава, а треба да ја платиме.

И покрај 4-те опомени кои стигнаа на адреса на „МЕПСО“, влечењето струја продоложува. За оваа, но и за други теми Борис Грујоски разговараше со универзитетски професор Константин Димитров кој до сега по 100-ти пат алармираше дека состојбата е критична. Еве дел од разговорот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста