Стигна рускиот авион во САД со медицинска опрема
Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк, носејќи медицинска опрема и маски, како помош за САД во борбата против коронавирусот.
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделникот, понудил медицинска помош. Трамп ја прифати помошта и се заблагодари. Надлежните од Кремљ очекуваат САД да врати со иста мера кога ќе биде во можност. Помошта се состои од респиратори , маски, и друга опрема.
Инаку САД, со 215 илади заразени, е водечка земја во светот според бројот на потврдени случаи со КОВИД- 19.. Според бројот на смртни случаи – досега 5.100, се наоѓа веднаш зад Италија и Шпанија..
Светот се доближува до бројката од еден милион заразени од КОВИД-19 и речиси 50.000 мртви. Досега во светот има над 936 илјади инфицирани од вирусот.