83-годишен старец пронајден без свест во зачадена просторија

83-годишен старец бил пронајден без свест во зачадена просторија во гевгелиското село Селемлија. Како што информира полицијата, околу 12.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во зачадена просторија во куќа на улицата Солунска во селото Селемлија, Гевгелиско, бил пронајден Б. Л. (83) во бесвесна состојба, без изгореници.

Тој бил пренесен во Јавната здравствена установа во Гевгелија за укажување лекарска помош. Според пријавеното од неговото семејство, тој боледувал од склероза и бил делумно подвижен. Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста