365 санкции за неносење маска

Ноќеска во периодот од 22 до 5 часот полицијата констатирала дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, како што информира МВР, на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 365 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и, како што велат, сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста