Силен земјотрес во централна Турција

Земјотресот, како што објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), го погодил регионот на градот Адана во 8 часот и 44 минути по локално време и бил на длабочина од 10 километри

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди централна Турција.

Земјотресот, како што објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), го погодил регионот на градот Адана во 8 часот и 44 минути по локално време.

Потресот бил на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за повредени во земјотресот или за материјална штета.

Изминатитот период Турција е подложна на серија помали потреси по големиот и разорен земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала што на 6 февруари ги погоди неа и Сирија. По овој, следуваше уште еден силен земјотрес со јачина од 6,7 степени.

Силниот земјотрес однесе над 50 000 животи и предизвика огромна материјална штета.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста