Секретарот на Град Скопје избркал од работа двајца вработени од обезбедување

Двајца вработени во Одделението за обезбедување на објекти на Град Скопје се жалат дека секретарот на Градот им дал отказно решение и тврдат дека не им е позната причината.

Тие велат дека заедно со отказното решение добиле и кривична пријава и тврдат дека не знаат која основата на кривичната пријава, затоа што, како што тврдат, тие не сториле никакво кривично дело.

  • Имаме пуштено претставка и ние, со адвокати ќе одиме понатака, ќе тужиме, ќе видиме кој каде и дали е во право, рече Елвис Симоновски кој бил првиот вработен што бил избркан на 10 јануари.

Даниел Давитковски, кој бил избркан денеска од работа, вели дека причината е исто како и на неговиот колега, дека сторил дејствие кое има одбележје на кривично дело.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста