Проектот „Недела неработен ден“ се укинува дел по дел

Бомбастично најавуваниот проект „Недела неработен ден“ се укинува дел по дел. По моловите, сега нема да ги опфаќа ниту чаршиите. Бизнимените велат дека власта е несериозна и ги донела измените без да ги консултира, па сега само се правеле обиди да се санираат штетите што веќе биле предизвикани.

Излегуваат на виделина „законските дупки“ за „Недела неработен ден“, па така мерката нема да важи за туристичките места, зашто тоа не им одговара на сите. Трговците побараа законот да се смени и да можат да работат во недела особено сега, за време на летната сезона. За бизнисмените ова е несериозен однос од власта, зашто иако сериозно најавувана, сега ќе претрпи измени. Бизнисмените велат дека грешката е направена уште на самиот почеток, зашто изостанувала дебата.

  • Направена е грешка уште на сами на самиот почеток, зашто изостануваше и недостасуваше дебата, тукму за оваа мерка, за неделите, како концепт за заштита на работничките права, вели за Алфа Миле Бошков од бизнис конфедерација на Македонија.

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се поднесени во Собрание, а се однесуваат за „недела“ неработен ден, со што ќе се дозволи да се работи и во недела во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, и во трговија на мало и на големо, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Законското решение, нагласи, било донесено во инклузивен процес и тогаш е најавено дека во туристичките места ќе се дозволи работа и во недела, имајќи предвид дека токму во викенди има повеќе туристи, а вработените треба добијат 100% поголема дневница

  • Како што е наведено за шопинг моловите, посебно во Скопје и во други градови, сите тие работници кои ќе работат во недела, согласно ова законско решение, ќе добијат дневници зголемени 100 проценти. Тоа ќе важи за сите тие што ќе одлучат да ги отворат нивните продавници во недела и во Охрид и во Струга и во другите туристички места. Сите работници кои ќе сакаат да работат и во недела, ќе добијат дневници поголеми за 100 посто, а тие што се одредуваат согласно Законот за работни односи ќе добиваат 50 проценти, изјави министерот Бектеши.

Бизнисмените велат дека минстерот не треба да избрзува, и добро би било да се косултирал со бизнис заедницата, зашто Законот за работни односи треба да претрпи измени, бидејќи страрите занаети и еден куп дејности се изостанати.

  • Сериозни дејности како што се филигранството, занаетчиството, старите занаети, културата, мора да се опфатат и да се рагулира целата легислатива. Мислам дека изјавата на господинот Бектеши дека недела ќе биде одземен како неработен ден за туристичките места, мислам дека треба да помине низ дебати, зашто туристички места не се само Охрид и Струга, туку такви има повеќе, затоа мора да седнеме и да разговараме, додава Бошков во изјава за Алфа.

Уште кога беше донесено ова законско решение, Владата најави дека за одредени дејности може да претрпи измени, и тогаш е најавено дека во туристичките места ќе се дозволи работа и во недела имајќи предвид дека токму викенди има повеќе туристи во овие дестнации.

Мерката „Недела – неработен ден“ стапи на сила од 1 јануари годинава. Првичната замисла на Министерство за труд беше недела да биде неработен ден за сите работници, освен за дејностите неопходни за непречено функционирање на државата.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста