Ковачевски го најави новиот Договор меѓу Бугарија и Македонија, ќе го „дотолчи“ ли тој македонскиот идентитет?

Македонија и Бугарија подготвуваат нов Договор налик Преспанскиот, кој се уште не е готов и се чека да се финализира Ова може да се извлече од македонските и бугарски политички челници изминатиов месец. Изјавата на премиерот Ковачевски дека „Додека нема прифатлив документ за двете страни не може да се зборува за напредок„ и откажувањето на двете посети во Скопје на премиерот Кирил Петков, со образложение дека нема готово документ кој би го потпишале двете страни, ги потврдува сомнежите дека се спрема нов текст во форма на некаков договор, и покрај тоа што веќе имаме потпишано Договор за добрососедство.

Воопшто не разговаравме и за тоа дали има нови услови од Бугарија. Се работи на оние прашања кои беа отворени и претходно, за нив веќе постои т.н. португалски предлог, кој што уште е основа за разговори помеѓу министерствата за надворешни работи и во овој момент не можам да кажам за напредок во однос на постигнување на заемно прифатлив документ, со оглед на тоа што додека не се дојде до таков документ не можеме да зборуваме за напредок, рече Ковачевски.

Со ова бугарското вето за македонските евроинтеграции станува се поизвесно, а тоа го признаа и премиерот Ковачевски и Премиерот Петков. А и практично значи дека добрососедскиот договор би бил ништовен.
Петков очекува дека наскоро во Бугарија ќе заседава Консултативниот совет за национална безбедност, а пред да седнат на иста маса тој порача дека за кревање на рампата е потребен широк консензус – нешто кое бугарските политичари веќе подолго време го очекуваат.

Решението не може да биде само на владејачката позиција туку треба да биде заедничка национална позиција. За последните шест месеци се случија многу работи, разговори, беа разменети идеи, службите имаат многу информации да споделат.Проблемот со соседот не може да биде решен самостојно, тоа е национално прашање и имаме потреба од заедничко решение, рече Петков.

Во меѓувреме, растат барањата од бугарска страна. Сега на ред е, Народниот правобранител да формирал комисија за следење на говорот на омраза кон Бугарите, додека македонските политичари молчат на сите понижувања од Бугарија и немаат буквално никакви барања.
И пет години откако тогашните премиери Заев и Борисов ставија параф на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, сега не постои заеднички прифатлив документ за двете земји. Непостоењето на таков документ е и причина за блокада на европскиот пат, за која во моментов тешко се гледа начин да биде тргната. Ќе се согласи ли Македонија на нов договор уште порадикален од добрососедскиот?

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста