Почнува есенската Алфа – Телевизијата влегува амбициозно како никогаш досега, најава за нови домашни серии филмови политички емисии

Најгледаните холивудски блокбастери и европски филмови, најновите и најпопуларните балкански серии и сапуници, повторно турска теленовела на барање на гледачите. А меѓу сето ова добро познатите политички емисии и магазини.

Алфа во есенската телевизиска сезона влегува амбициозно како никогаш досега. Програмскиот уредник, Методи Алексов, објаснува дека новата програмска шема е внимателно составена за да понуди по нешто за секој сегмент од публиката.

  • Почнувајќи веќе од утре ќе понудиме многу нови и квалитетни содржини за кои верувам дека ќе добрат до што повеќе домови во Македонија. Набавивме српски и хрватски сапуници, добропозната турска серија, а ќе имаме и најнови филмски остварувања, вели програмскиот уредник на ТВ Алфа, Методи Алексов.

Алфа полека но сигурно се приближува кон врвот на македонските телевизии, вели Алексов кој додава дека со квалитетот на програмата и довербата од публиката сме веќе таму, а наскоро ќе бидеме и со бројот на гледачи.

  • Мерењата покажуваат дека според гледаноста Алфа е веќе во топ три телевизиски канали во Македонија. Со квалитетот на содржините кои ги подготвуваме веруваме дека ќе успееме да постигнеме и многу повеќе, додава програмскиот уредник на ТВ Алфа, Методи Алексов.

По огромниот успех на „Бистра вода“ која ги урна сите рекорди на гледаност, а која наскоро ќе се емитува и во Босна а веројатно и на други странски пазари, Алфа без никаква помош од државата продолжува да инвестира во сопствена продукција, во фаза на подготовка се неколку нови проекти.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста