Политиката ја уништи економијата, Азески со остри критики до Владата

Политиката ја уништи економијата, политичките елити се грижат да останат на власт, а не да обезбедат економски напредок.  Претседателот на најголемата комора во Македонија, Бранко Азески со остри критики кон власта , реагира дека бизнисот е постојано оптеретен со секакви давачки, а Владата не  работи за напредок на стопанството и со години наназад нема слух за проблемите. Азески бара да се остави популизмот на страна и да се направи конзенсус помеѓу земјите од Балканот за да се подобри економската активност .

Продлабочување на дијалогот, суштинскиот приод кон таа работа  имплементицијата мора да е стопостотна. Ако одам 10 пати во Владата и 10 пати зборувам исто, и тие не сакаат да одговорат на тоа што да правам да ги тепам ? Дајте да постигнеме конзенсус во кој ќе потпишеме некој документ, рече Азески.

Ако одам десетпати во Владата, и 10 пати зборувам исто и 10 пати излегувам во јавноста и зборувам исто, а тие не сакаат да одговорат на тоа, туку велат добро, што да правам? Да ги тепам?“

Азески смета дека е неопходно да има широка дискусија за приватниот сектор да тргне напред , а не да биде оптеретен како да преживее. Доказ за тоа вели е и последниот случај со замрзнување на цените, мерка на која се противи целото стопанство.

Понудивме решение . Јас тврдам ако сме тргнале по патот на пазарна економија со западни вредности , одиме по тој пат да ги рушиме препреките. Ние предлагаме решение и овие не се критики за Владата, тоа е отворена дискусија за прашањата од суштински карактер. Дали пазарна економија е да донесиш решенија кои не се во твоја надлежност? , рече Азески.

Од Владата пак уверуваат дека цело време имало отворен дијалог со бизнис секторот, а работите се менувале на подобро. Вицепремиерот Фатмир Битиќи, се обиде да спореди како било пред пет години а како е денеска.

Ние во последните години не повикуваме никого да бара тоа што законски му следува .Јас сум среќен дека правиме ваков отворен дијалог цело време. Бизнис секторот е вклучен во креирањето на националната политика која треба да даде одговор на на ваквите очекувања за наредните 20 години и мислам дека таму е клучот кога ќе е менуваат работите на подобро, рече Фатмир Битиќи Вицепремиер за економски прашања.

Инаку, бизнисот цела година алармира против политиките на власта за воведувањето на нови даноци, а сега и за актуелната мерка со замрзнување на цените . Во рамки на регионалната конференција за Поголема соработка помеѓу економиите од Западен балкан, стопанските комори од регионот согласни дека клучот за развојот на бизнисот е политиката да се остави на страна.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста