Мицкоски: Владата на „ЕСМ“ му префрли 220 милиони евра, а од провизии се купувале хациенди

Фрапантни 220 милиони евра Владата им префрлила на „Држевните Елекртрани“ само минатата година, пари кои заминале за договори во четири очи кај инстант компании за ископ на јаглен и јаловина во „РЕК Битола“, алармира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Според Христијан Мицкоски, за ова постоеле и основани сомневања за сопственост на хациенди од исплатените провизии. Со овие, како што вели Мицкоски, народни пари, се офајдиле високи функционери на СДСМ, кои меѓу себе си ги делеле.

  • „Повеќе од 220 милиони евра отидоа за договори во четири очи кај инстант компании кои што увезуваа јаглен, кај компании кои што увезуваа мазут кои што се исто така инстант појавени на пазарот и нормално тендери во четири очи за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола за кои што постојат основани сомневања за сопственост на хациенди на егејското крајбрежје, а кои што се сопственост на високи функционери на СДСМ, а тоа се провизиите кои што се исплатени“, истакна Мицкоски.

Ако овие пари наместо во приватни, завршеле во проекти, Мицкоски рече дека дека Македонија, но и енергетскиот секотор немало да се соочуваат со сериозни загуби и еден куп наталожени проблеми и скапи сметки. Затоа, оваа власт ја оцени како крајно несериозна.

  • Тоа се ужасно многу пари. Замислете што ќе се случи низ Македонија ако овие пари завршеа во проекти, но тие за жал завршија во приватни џебови. Така што со овие пораки во јавноста можам да констатирам дека политичарите од владата, вклучително и Димитар Ковачевски, од страна на граѓаните се оценети како лажливци и поради тие невистини кои што ги испраќаат со своите пораки ќе бидат казнети на следните парламентарни и претседателски избори, како сакаат да ги организираат. Ако мислат дури и да ги раздвојат, бидејќи слушам таква намера имале, но и едниот и другиот пат ќе бидат декласирани од страна на граѓаните во Македонија“, додава Мицкоски.
  • Фактите се дека 2017 година АД ЕЛЕМ тогаш, денешно АД ЕСМ имаше околу милијарда ипол денари депозити во комерцијалните банки во Македонија, значи околу 25 милиони евра и околу 6 милиони евра на сметка на компанијата, а притоа беше исплатена платата и беа подмирени долговите, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, веќе нее прв човек на компанијата која со години книжеше милионски загуби. Него ќе го замени Васко Стефанов првиот човек на Пошти.

Колку за потсетување, АД Електрани на Македонија само во 2021 влезе со загуба од минус 16,8 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од компанијата.

Инаку, енергетската криза веќе неколку години е составен дел на македонското секојдневие. Политичарите не успеаја да го предвидат енергетското цунами, што неминовно придонесе цените на основните производи да пораснат до таа мера за да станат луксуз.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста