Со месеци стојат уништени постаментите на украдените бисти на Неделковски, Вапцаров, Николов во паркот – Градот не реагира

Тажна македонска вистина. Со месеци стојат уништени постаментите на украдените бисти на Коле Неделковски, Орце Николов и Никола Вапцаров во Градскиот парк во Скопје. Револтот кај граѓаните е уште поголем, бидејќи сите тројца Македонци, кои оставиле длабок печат во историјата, се загинати од бугарските фашисти.

Осквернавени, откорнати и украдени три бисти на народни херои во градскиот парк. Станува збор за бистата на Орце Николов, Никола Вапцаров и на Коле Неделковски. Сите тројца големи Македонци, кои оставиле длабок печат во историјата, се убиени од бугарските фашисти. Токму ова предизвикува и дополинетелен револт кај граѓаните, бидејки веќе подолг период од државата и надлежните институции нема никаква активност ниту желба овие споменици да се вратат во состојба каква што заслужуваат.

Спомен обележјата се во надлежност на Град Скопје, имено како и Градскиот парк, каде нема никакви содржини, ниту е уреден просторот околу бистите. На терен сликата е тажна, останати се само постаментите од бистите, кои ја нагрдуваат сликата во паркот.

Уништувањето на бистите е вандалски чин, реагиаат граѓаните. Велат дека надлежните мора да покжат сериозност и вистината да исплива на виделина.

Попусти беа и обидите за одговор од Град Скопје. До почетокот на овие вести од службите не добивме одговор зошто овие споменици се оставени на забор на времето, не се обновени или реконсруирани. Колку за илустрација, бистата на Орце Николов се наоѓа на 100 метри од канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска, па останува нејасно зошто се случува ова дивјаштво и примитивизам од најдолен вид пред нејзини очи без да се реагира. Од Мнинистерството за внатрешни работи пак уште од октомври работат на расчистување на случајот.

  • На 02.10.2022 во 09.52 часот во СВР Скопје било пријавено во Градски парк во Скопје биле оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров, а биле одземени и бистите од спомениците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Спомениците на Вапцаров и Неделковски беа откриени во 2013-та година. Јавноста и натаму е во прашалници зошто во паркот нема чувари кои би се грижеле за спомениците од историско значење. До обновување на обележјата во првобитна состојба, Градскиот парк ќе зрачи со ваква неблагодарна слика. 

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста