Власта се пишмани – во вторник ќе ги зголемува замрзнатите цени, зашто поскапел увозот

Откако ги замрнзаа, сега ќе ги одмрзнуваат. Владата се пишмани – во вторник пак ќе ги зголемува цените на овошјето и зеленчукот, зашто поскапел увозот. Министерот за економија, Крешник Бектеши седна на маса со увозниците на овошје и зеленчук, по што било одлучено да се направи корекција на цените. Тие по состанокот иако рекоа дека ќе кажат што ги мачи, сепак од економија им кажаа да си одат, за да не се нашле во небрано.

Бектеши призвава дека во Македонија речиси и да нема домашно производтсво, а најмногу овошје и зеленчук се увезува од Турција, Албанија, Србија и Грција. Согласно новите пресметки од Царината, дел од увозниците прикажале двојни лажни фактури за да имаат огромен ќар, а министерот ги потсети дека затајување на данок над 10.000 евра е кривично дело и секој кој се огрешил ќе одговара.

Министерот Бектеши потсети дека податоците што ги има Министерството за економија за фиктивни фактури за увоз на овошје и зеленчук ќе ги достави до сите надлежни институции, но и дека ќе ги објави за да ги поттикне институциите да постапуваат.

  • „Колку се зголемени цените на увозот на одредени производи, процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната. Ако има намалување на цените што се прикажани во Царинската управа, процентуално на тоа намалување ќе се намали и цената на тој производ. Ако е иста, ќе остане иста. Генерално, нашиот увоз е од Грција, Турција, Албанија и од Србија и повикувајќи се на новите цени што се пријавуваат во Царинската управа, следниот вторник Владата ќе ги ревидира замрзнатите цени. Кај одредени производи ќе има многу мало зголемување како највисока цена на овие производи, но никако нема да има во малопродажба цени како пред десетина дена кога се движеа околу 130-140 денари, па отидоа и до 150 и погоре. Цена на овошјето и зеленчукот за производите што беа наведени во одлуката нема да има поголема од 100 денари за што дополнително ќе ја информираме јавноста“, рече министерот Бектеши.

Алфа повторно направи обиколка во поголемите маркаети и на зелените пазари, и сликата и натаму е поразителна. Во продавниците домати и краставици нема ни за лек, за што граѓаните реагираат дека власта си игра со нивните пресметки. Прашуваат како е можно да е толку скапо, додека за нив фрапантно си ги зголемуваат платите.

Според Државната статистика, граѓаните во март, споредено со февруари годинава, имале за незначителни 0,1% намалени трошоци за живот, ама инфлацијата и натаму останува двоцифрена.

Според најновиот извештај, поскапување има кај свежиот зеленчук, освен компирите за 8,8%. Со повисоки цени во март се продавале и минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук и тоа за 2,1%. Кафето, чајот, какаото и виното минатиот месец биле поскапи за 0,8%, а жестоките пијалаци за 0,7%. Месото, пак, и другите прехранбени производи, имале цени повисоки за 0,6%. Во споредба со март лани, трошоците на животот се зголемени за 14,7%.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста