Македонските води не смеат да одат на продажба – експертската фела на нозе против зделката за „Чебрен“

Македонските води не смеат да одат на продажба – експертската фела на нозе против зделката за „Чебрен“

Македонските инженери не ја поддржуваат владината одлука која под концесија ја дава водата на Црна река за производство на електрична енергија на грчкиот конзорциум Архиродон кој го доби тендерот за изградба на ХЕЦ Чебрен… Енергетските експерти бараат владата да ја преиспита и повлече ваквата штетна одлука и да не склучува договори со која било странска или домашна компанија со која се откажува од државните води. Наместо македонското електростопанството од ваквиот „торта“ бизнис вели професорот Димитров ќе се офајди грчкиот систем бидејќи во раце ќе ја има оваа простројка.

  • Лош е проектот, не знам дали се прави тендециозно за да се прифатат сите наредби или желби што ни доаѓаат преку владата,  нашите стратешки партнери или пријатели.. Продаваме се што имаме, ќе работиме за туѓи господари, за туѓи дворови.. Што да кажам,  лошо е, црно е, нема ништо од ова да добие Македонија, ќе го изгуби и „Тиквеш“..А доколку е веќе толку добро, нека земат 51 процент да биде во сопственост на Македонија, 49 грчко стопанство и ќе се реши проблемот..“ вели Константин Димитров, МАЦЕФ.

Хидроцентрала „Чебрен“ е еден од најголемите и најважните енергетски проекти на државата велат инжинерите. Кога за 4 години РЕК Осломеј и РЕК Битола ќе престанат со работа поради зелената транзиција, „Чебрен“ треба да и овозможи на Македонија да остане енергетски незавизна.

  • Велат дека таа хидроцентрала ќе се даде 60 години на користење на странски инвеститор на користење, а погледнете го РЕК Битола, изграден 80-тите години, веќе има 40 и нешто години и веќе се случуваат многу големи хаварии, имаме испади.. Има сериозен проблем во државата во однос на енергетиката, а енергетиката е движечка сила на секое општество. А ние ја увезуваме поскапо“, вели Денис Мустафаоглу – енергетски инжинер. 

По 13 пропаднати тендери , по повеќе од 30 години Владата донесе одлука за  доделување на концесија за изградба на ХЦ Чебрен на грчката компанија ППЦ-Архиродон. Проектот ќе чини околу една милијарда евра.  Откако ќе заврши проектирањето и собирањето на документацијата, предвидено е да се почне со градбата , а рокот е 7 години.

Викторија Миткова

https://youtu.be/W0v0mXYcmKc
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )